Македонија Собранието ја продолжи кризната состојба до крајот на годинава

Собранието ја продолжи кризната состојба до крајот на годинава

Собранието на Република Македонија денеска го изгласа предлогот на Владата за продолжување на кризната состојба, која беше воведена во август 2015 година, поради мигрантската криза и големиот транзит на мигранти и на бегалци низ земјава.

На седницата за продолжување на кризната состојба до 31 декември, односно до крајот на оваа година, „за“ гласаа 94 пратеници, а „против“ и воздржани немаше.

Кризната состојба поради мигрантската криза беше воведена кон крајот на август 2015 година, кога десетици илјади мигранти од подрачјата зафатени со војни на Блискиот Исток и во Северна Африка транзитираа низ територијата на земјава на пат кон западноевропските земји.