Македонија Дејан Бошковски разрешен од Регулаторна комисија за енергетика

Дејан Бошковски разрешен од Регулаторна комисија за енергетика

Собранието, со 62 гласа „за“, го разреши поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, од Регулаторната комисија за енергетика.

Според Владата, при именувањето, Бошковски не го исполнил условот најмалку една година пред назначувањето за член на регулаторното тело да не бил член на надзорен или на управен одбор или на одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска дејност.

Бошковски беше поставен за член во октомври минатата година.

Собранието го именуваше Панче Орцев за член на Комисијата на местото на Елена Маркова – Велинова, на која и заврши мандатот.