Македонија Собранието го изгласа продолжувањето на породилното отсуство

Собранието го изгласа продолжувањето на породилното отсуство

Собранието на Република Македонија денеска со 63 гласа „за“ ги донесе измените на Законот за работни односи, во согласност со кои се продолжува породилното отсуство за мајките што ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш.

Со новите законски измени, за кои еден гласаше „против“, а еден „воздржан“, се предвидува породилното отсуство на мајките што ќе родат близнаци, тројка или повеќе деца да трае 15 месеци, наместо 12 месеци.