Македонија Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на ОТА

Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на ОТА

Со 83 гласа „за“, Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), чиј што мандат ќе биде пет години.

Предлогот, Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.

По изборот на Ангеловски, 59. седница беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка.