Главна секција Собраниeто денеска ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски

Собраниeто денеска ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски

Во Собранието денеска треба да продолжи шестата пленарна седница на која, меѓу другото, треба ќе се расправа за владиниот предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлески.

Владата, чиј предлог беше прифатен и од Советот на јавни обвинители, бара разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Во документот, исто така, се наведува дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, не поднел барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и дека го нарушил угледот на функцијата.

На шестата седница има повеќе од 30 точки, меѓу кои и годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година и предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на „Македонската радио-телевизија“ за 2017 година.