Македонија Со закана со пиштол од банка одзел над 2,6 милиони денари

Со закана со пиштол од банка одзел над 2,6 милиони денари

Осомничениот влегол во филијала на банка на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром и со сериозна закана и употреба на пиштол, загрозувајќи го животот на двајца вработени во банката, одзел 2,6 милиони денари, по што веднаш побегнал од местото

Фото: Rudy and Peter Skitterians from Pixabay

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојништво.

Тој, на 4 јуни, влегол во филијала на банка на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром и со сериозна закана и употреба на пиштол, загрозувајќи го животот на двајца вработени во банката, одзел 2,6 милиони денари, по што веднаш побегнал од местото.

По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, парите биле пронајдени и вратени на банката, а за осомничениот е доставен предлог за определување мерка притвор.