Дописници Со „Спобудалената локомотива“ вечерва завршува драмскиот дел на „Охридско лето“

Со „Спобудалената локомотива“ вечерва завршува драмскиот дел на „Охридско лето“

Со претставата „Спобудалената локомотива“ од Станислав Игнаси Виткиевич во изведба на Словенечкиот народен театар – Драма театарот од Љубљана, а во режија на Јернеј Лоренци, вечерва завршува драмскиот дел од годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Станислав Игнаси Виткиевич е еден од најкомплексните автори на полската и светската авангарда, а денес еден од класиците на 20-от век. „Спобудалената локомотива“ е напишана во 1923 година и е една од најкратките, но најмоќните драми.

Лоренци е виш предавач на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што предава актерство и режија.