Хроника Со службени пари точел бензин на целото семејство

Со службени пари точел бензин на целото семејство

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.В. (49) од село Радолишта, Струшко, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на април 2013 година ја злоупотребил својата положба и овластување, односно направил злоупотреба на службената картичка за точење гориво која лично ја должел.

Пријавениот неколкупати овозможил точење гориво во десетина патнички моторни возила кои не се сопственост на МЈП „Проаква“, со што го оштетил јавното претпријатие во вкупен износ од 30.380 денари.