Македонија Со палење свеќи, одбележана втората годишнина од „црниот понеделник“

Со палење свеќи, одбележана втората годишнина од „црниот понеделник“

Околу дваесетина поранешни пратеници на опозициската партија СДСМ, заедно со група граѓани, попладнево запалија свеќи пред Собранието.

Како што ни објаснија, со палењето свеќи сaкаат симболично да ја одбележат втората годишнина од „црниот понеделник“ или, како што велат, „смртта на демократијата“ кога пратеници беа насилно исфрлени од Собранието.

Пратениците од СДСМ, денеска точно напладне поставија споменик од картон со порака „Парламентарна демократија 8 јануари 1991 – 24 декември 2012“.