Свет Европа Со џип убил три лица откако намерно влетал во толпа луѓе

Со џип убил три лица откако намерно влетал во толпа луѓе

Возач на џип со полна брзина влетал во толпа луѓе, при што убил тројца и повредил 50 лица во австрискиот град Грац. По ударот во луѓето, тој излегол и почнал да ги боде минувачите со нож.

Австриските медиуми тврдат дека возачот е 26-годишник од босанско потекло, кој бргу бил совладан и уапсен.

Австриската медиуми пренесуваат дека имало две тела покриени со ќебе во близина на нападот и дека една од жртвите е седумгодишно дете.