Подглавна секција Снимател на МТВ втора жртва на корона вирусот меѓу медиумските работници

Снимател на МТВ втора жртва на корона вирусот меѓу медиумските работници

Корона вирусот го зеде животот на уште еден медиумски работник. Синоќа почина 51-годишниот Шенол Ахмети, долгогодишен снимател во албанската редакција на Македонската радио-телевизија, каде го помина целиот свој работен век, повеќе од 20 години.

Ахмети се заразил со ковид-19 и пред една недела бил хоспитализиран, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респираторна машина. Колегите од МРТ се простуваат од својот колега, со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Снимателот Ахмети е втората жртва на ковид-19 меѓу медиумските работници во земјава. Пред точно еден месец, 44-годишниот Беким Бајрамоски, вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа, исто така почина како последица на корона вирусот.