Македонија Снежни врнежи денеска, на југоистокот дожд

Снежни врнежи денеска, на југоистокот дожд

Времето денеска ќе биде со врнежи од снег насекаде во земјата, а ќе се формира и нова снежна покривка. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе се движи од нула до пет Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до еден Целзиусов степен.

Висината на снежна покривка изнесува 76 сантиметри на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 Тетово, 5 Битола, Претор, 2 Скопје-Петровец.