Свет Европа Снегот го затвори аеродромот во Манчестер

Снегот го затвори аеродромот во Манчестер

Аеродромот во британскиот град Манчестер неколку часа беше затворен поради снегот кој напаѓал на пистата, откако северниот дел на Англија се соочи си силни снежни врнежи.
– Не прифаќаме летови во ниту еден правец. Ќе има доцнења – изјави портпаролката на аеродромот.
Претходно, на аеродромот веќе дојде до двочасовно доцнење на летовите поради неповолни временски услови.