Галерија Снегот ги опустоши украсните дрвца во Охрид

Снегот ги опустоши украсните дрвца во Охрид

Македонскиот туристички бисер, вечниот убавец Охрид, е прекрасен и во лето и во зима. Прикажувајќи ја убавата и весела страна на снегот, многумина го дефинираа како зимска бајка. За жал, обилните снежни врнежи, го покажаа и грдото лице, не само свое, туку и на оние кои превентивно требаше да ги пресретнат штетите.

Репортерот на новинската агенција „Мета“, од Охрид испрати фотографии за уништени многу дрва низ улиците, додека најжалосна е сликата во паркот кај крајезерското шеталиште. Ако ништо друго, ако беше тешко да се заштити трската во езерото, можеа да се заштитат барем палмите!?

Грда и неодговорна слика пружа летната бавча на ресторанот „Белведере”. Дрвјата што некогаш ги посадил градот, пред Центарот за култура „Григор Прличев”, им се најдоа на сопствениците, тука да се прошират со летни бавчи, под дебелите сенки за летниот период, но кога дојде зимата и падна снегот, не се погрижија и да ги заштитат.