Економија Словенија ќе ги приватизира банките

Словенија ќе ги приватизира банките

Водечките банки во Словенија ќе се приватизираат, најави словенечкиот гувернер Боштјан Јазбец, кој изјави дека доколку се спречи приватизацијата на банките во Словенија, тоа би можело да биде многу опасно.

Има реакции дека централната банка неправилно ги прикажала состојбите во домашните банки пред да ги докапитализира со 3,5 милијарди евра кон крајот на 2013 година.