Свет Европа Словенец назначен за координатор на ЕУ за миграција

Словенец назначен за координатор на ЕУ за миграција

Андреј Грошељ, советник во постојаното претставништво на Словенија во Европската унија, ќе стане еден од првите координатори за миграција во Европската служба за надворешни работи.

Грошељ ќе ја координира работата на Директоратот за глобални предизвици (ЕЕАС) и европските служби во врска со мигрантската криза, како и соработката со другите служби на Европската комисија.

Посебен акцент ќе биде ставен на примената на обврските преземени на самитот ЕУ – Западен Балкан од октомври 2015 година и самитите ЕУ – Африка и ЕУ – Турција од ноември минатата година.

Се очекува Грошељ да ја преземе должноста во април.