Забава Слики на Ворхол продадени за 150 милиони долари

Слики на Ворхол продадени за 150 милиони долари

Трипл Елвис (Ферус Тајп) - Енди Ворхол

Две познати слики на Енди Ворхол се продадени за астрономски цени, соопшти аукциската куќа „Кристи“.

Во соопштението се наведува дека „Трипл Елвис (Ферус Тајп)“ достигна цифра од 81,9 милиони долари, додека „Фор Марлонс“ 69,6 милиони долари.

На споменатата аукција, која се одржа на 12 ноември, биле понудени околку 80 дела од уметници, а вкупната заработувачка изнесува 856 милиони долари, што е една од најголемите во долгата историја на аукциската куќа „Кристи“.