Дописници Славе Ѓорго Димоски добитник на наградата „Ацо Шопов“ за поетска книга

Славе Ѓорго Димоски добитник на наградата „Ацо Шопов“ за поетска книга

Охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга, за збирката „Јазичен триптихон“. Признанието ќе се додели на 12 февруари.

Оливера Николова, за книгата „Кадифената покривка“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга.

Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга со литературна критика и есеј ѝ припадна на универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска за книгата „Семеен албум“.

Книгата „Златко-Златец“ од Велко Неделковски е наградена со „Ванчо Николески“, што се доделува за најдобра книга за деца, а наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија му припадна на поетот од турска националност Јусуф Едип за „Прашинка“, објавена паралелно на турски и на македонски јазик.