Македонија Слаб земјотрес синоќа во Скопје

Слаб земјотрес синоќа во Скопје

Земјотрес со сила од 2,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Скопје вчера во 21.29 часот.

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ соопшти дека земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.