Галерија Скриената убавина на Јадранот

Скриената убавина на Јадранот

Бернхард Ланг - „Поглед на Адриатикот од воздух“

Германскиот фотограф и документарист Бернхард Ланг создал серија уникатни фотографии од птичја перспектива од плажа на Јадранско Море.

Серијалот, наречен „Воздишен поглед на Адриатикот“, се фокусира на крајбрежјето на италијанскиот брег, односно на плажите. Тој, со својот апарат, ја забележал симетричноста на чадорите за сонце, столовите и сенките, кои создаваат прекрасни мостри, кои се уживање за сечие око.

Според авторот, фотографиите прикажуваат како човекот влијае врз природата, но, исто така, и колку нашата планета, која постојано ја уништуваме, има свои скриени убавини.