Македонија Скопските клиники добија 13 нови амбулатни возила

Скопските клиники добија 13 нови амбулатни возила

Министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за Поликлиниките во градот Скопје, информираат од Министерството за здравство.

– 10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом – потенцираше министерот Филипче.

Со новите возила треба значително да се зајакнат капацитетите на Здравствениот дом – Скопје. Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување и итна стоматолошка помош овозможува 24 – часовна здравствена заштита, како единствена за градот Скопје и околните населени места.

– Значително ги подобруваме условите за работа со новите возила. Со поддршка на општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски, Итната медицинска помош доби донација две специјални возила за медицински потреби од страна на Чешка како давател на донацијата – изјави директорот на Здравствен дом – Скопје Исјановски.