Македонија Скопската обиколница отворена за сообраќај

Скопската обиколница отворена за сообраќај

Скопската обиколница денеска ќе биде отворена за сообраќај поради метеоролошките најави за интензивни врнежи дожд.

В сабота, пак, обиколницата од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај.

На скопската обиколница француската продукција „Шик филмс“ го снима филмот „А фонд“. Поради снимањето на филмот, за до крајот на месецов беше најавено дека обиколница ќе биде затворена од 7 до 19 часот.

Според Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на патиштата во државата се одвива по влажни коловози.