Македонија Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември

Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември

Oд денеска скопската обиколница повторно ќе биде затворена за сообраќај поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“.

Поради добрите временски услови, а во согласност со одобрението од Министерство за транспорт и врски, оваа недела секој работен ден од 7 до 19 часот обиколницата ќе биде затворена и целиот сообраќај ќе се пренасочува низ центарот на Скопје.

Ваквиот режим на сообраќај ќе трае до 28 септември, освен ако нема одложување поради тоа што неделава дождот два дена го запре снимањето и обиколницата беше отворена за сообраќај.