Македонија Скопје вечерва е домаќин на четвртата Парада на гордоста

Скопје вечерва е домаќин на четвртата Парада на гордоста

Под мотото „Гласни и горди!“, вечерва во Скопје се одржува четвртата Парада на гордоста. Со знамиња на ЛГБТИ заедницата и транспаренти во рацете, стотици граѓани учествуваат на настанот, кој започна со собирање во паркот „Жена-борец“ во центарот на Скопје. Маршутата на парадата годинава беше до Стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, каде што вечерва се одржува и музичка програма.

Маршот помина без проблеми и инциденти, а настанот го обезбедуваа припадници на полицијата. На Парадата на гордоста присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Парадата на гордоста во Скопје за првпат се одржа во 2019 година и изминативе години истата е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.