Македонија Скопје се збратими со Софија

Скопје се збратими со Софија

Советот на Град Скопје на 43. седница едногласно ја донесе одлуката за збратимување на Скопје со Софија, со што Софија тоа станува 19. збратимен град на Скопје.

„Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја поздрави оваа одлука истакнувајќи дека таа се носи по долгогодишната соработка меѓу Софија и Скопје и ќе биде добра основа за продлабочување на соработката на економско ниво, размена на искуства и за соработка“, велат од Град Скопје.

Оваа одлука ја поздрави и амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, кој изрази надеж дека оваа одлука ќе ја направи уште поплодна и онака одличната соработка помеѓу градовите Скопје и Софија.