Хроника Скопје: Кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Скопје: Кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Дваесет и четиригодишниот кумановец Д.К се наоѓа во критична состојба откако синоќа доживеал тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски, во близина на „Стаклара“.

Во несреќата учествувале возило „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски таблички, со кој управувал Д.К и автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички.

Во сообраќајката полесно се повредени возачот на „пасатот“, М.К (42), и неговата сопруга Љ.К.
.