Хроника Скопјанец со воздушна пушка испаничил жители на Карпош

Скопјанец со воздушна пушка испаничил жители на Карпош

Воздушната пушка, скопјанецот ја носел на поправка

Скопјанец со воздушна пушка, што ја носел на сервис, денеска предзвикал паника меѓу жители на населбата Карпош, кои веднаш го пријавиле во полиција.

Од СВР Скопје го потврдуваат настанот и велат дека не станувало збор за ништо сериозно, туку повеќе за една банална и комична ситуација.

Како што информираат оттаму, телефоните во полициската станица Карпош заѕвониле околу 12.40 часот, кога жители на населбата го забележале скопјанецот како од багажникот на автомобилот, што го паркирал на улицата Букурешка, вади пушка и како со неа в раце се движи кон колонијална продавница во близина.

По пријавата, полициска екипа веднаш интрвенирала и го нашла скопјанецот.

– Станувало збор за воздушна пушка и лицето што ја носело признало дека е негова и воопшто не им правело никакви проблеми на полициските службеници – велат од СВР Скопје.

Сепак, полицајците морале да му ја одземат воздушната пушка на скопјанецот бидејќи немал документи за неа.