Хроника Скопјанец осомничен за серија тешки кражби

Скопјанец осомничен за серија тешки кражби

Триесетгодишен скопјанец е осомничен за серија тешки кражби што ги извршил во периодот од април до јули оваа година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, осомничениот кражбите ги вршел најчество врз жени, на возраст од 40 до 64 години, на кои насила од вратот им ги кинел златните синџирчиња.

Тој, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил на автобуска постојка во центарот на градот, приоѓајќи им на жртвите одзади.

Вкупата вредност на пленот што го одзел била проценета на околу 152.000 денари, односно околу 2.500 евра.

Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од осум дена.