Хроника Скопјанец осомничен за серија кражби во Кратовско

Скопјанец осомничен за серија кражби во Кратовско

Вредноста на пленот во двете кражби изнесува над 700.000 денари

Кратовската полиција поднела кривична пријава против дваесет и седумгодишен скопјанец, осомничен дека извршил серија кражби во верски објекти и во продавници во градот и во околните села.

Според полициските информации, осомничениот ги извршил кражбите во текот на август и на септември оваа година, кога со соодветен алат успеал да провали во пет верски објекти и во неколку колонијални продавници.

Од верските објекти тој украл околу 60.000 денари, а од продавниците – кондиторски производи, цигари и околу 14.000 денари.

Според кривичната пријава, осомничениот С.Д. (27) се товари за тешка кражба.