Хроника Скопјанец ограбен на булеварот Србија

Скопјанец ограбен на булеварот Србија

Триесет и деветгодишен скопјанец синоќа, околу 21 часот, на булеварот Србија бил нападнат и ограбен од тројца разбојници, кои му одзеле 8.500 денари и два мобилни телефона, информира полицијата.

По пријавувањето на случајот, екипа на полициската едница „Алфа“ пронашла и привела три лица, осомничени за разбојништвото.

Како што информираат од полицијата, станува збор за Т.Б. (26), Н.Т. (26) и за М.К. (26), тројцата од Штип.