Хроника Скопјанец избоден пред ресторанот „Деспина“

Скопјанец избоден пред ресторанот „Деспина“

Клинички центар Скопје

Триесет и четиригодишниот скопјанец Е.А. синоќа добил повреди во пределот на стомакот по расправија со обезбедувањето на угостителскиот објект „Деспина“.

Според полицискиот извештај, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот.

Очевидците на инцидентот го пренеле Е.А. во Градската општа болница „8 Септември“, од каде е префрлен во Ургентниот центар – Скопје и е задржан на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.