Свет Европа Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс-робинка?!

Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс-робинка?!

Англиското кралско семејство го тресе скандал откако во јавноста излезе приказна дека принцот Ендру, војводата од Јорк, синот на кралицата Елизабета Втора и на принцот Филип, имал сексуални односи со малолетна девојка која била присилена на тоа.

Во американскиот суд, неименувана жена сведочела дека еден инвестициски банкар ја „позајмувал“ на неговите богати и моќни пријалети како „сексуална робинка“ и дека неколкупати во тоа својство била присилена да има односи со британскиот принц Ендру, војводата од Јорк.

Сето ова, наводно, се случило во периодот меѓу 1999 и 2002 година.

Ендру и порано беше поврзуван со секс-скандали, а Бакингемската палата соопшти дека „секоја инсинуација за непримерниот однос со малолетната личност категорички е неточна и со оглед дека станува збор за граѓанска судска постапка која се води против Епстин, а не против принцот Ендру, војводата од Јорк, нема да се огласуваат по тоа прашање.“