Македонија СЈО: За определувањето притвор за Сеад Кочан дознавме од медиумите

СЈО: За определувањето притвор за Сеад Кочан дознавме од медиумите

Специјалното јавно обвинителство реагираше денеска на некои написи во медиумите поврзани со изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева и соопштува дека за притворот дознале од медиумите.

„Со оглед дека во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето притвор на еден од осомничените лица во случајот „Труст“, го појаснуваме следното: За фактот дека е донесена одлука по жалбата на ова јавно обвинителство и дека е изречена мерка притвор против осомничено лице во случајот „Труст“, дознавме од медиумите. Во насока на проверка на информациите дали навистина е донесена судска одлука, контактиравме со судијата што претседаваше со Кривичниот совет и нè извести единствено дека е донесена одлука по жалбата и дека одлуката ќе ни биде дополнително доставена“, гласи соопштението од СЈО објавено на официјалната веб-страница на СЈО.