Главна секција СЈО до судот доставило 12 барања за замрзнување имот и докази

СЈО до судот доставило 12 барања за замрзнување имот и докази

Специјалното јавно обвинителство до Основен суд Скопје 1 ги доставило сите најавени 12 барања за замрзнување имот, меѓу кои и за зградата на ВМРО-ДПМНЕ, како и докази и финансиски анализи, потврдија претпладнево од СЈО за „Мета“.

Специјалното обвинителство вчера отвори три нови случаи – „Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“.

Посебни мерки за обезбедување не се побарани.

За прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ и на изјавите на партискиот лидер Никола Груевски дека СЈО работи по партиски нарачки и за „Траекторија“ направиле сериозна грешка, од СЈО нема реакција.

Од Основен суд Скопје 1 известија дека наскоро ќе ги информираат медиумите за мерките што се побарани од СЈО и за донесените одлуки.