Главна секција Сите се налепија на две недели стара изјава на Алфеев за спорот...

Сите се налепија на две недели стара изјава на Алфеев за спорот МПЦ-ОА – СПЦ

Изјавата во која митрополитот на руската православна црква Иларион Алфеев зборува за спорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ и понудата за посредништво од страна на РПЦ, која денеска ја пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се Верската информативна агнеција (ВИА), а која беше преземена од повеќе македоски портали, е дел од интервју на волоколамскиот митрополит дадена за Бугарското национално радио (БНР), за време на неговата посета на Бугарија пред две недели.

Интревјуто на БНР е објавено на 27 декември, а според контекстот е направено за време неговата посета на Софија, десетина дена пред Нова година.

Дел од интревјуто на Иларион Алфеев е пренесено и објавено на 30 декември на веб-страницата на бугарскиот независен православен портал „Двери.бг“, од каде четири дена подоцна е преземен и објавен на официјалната веб-страницата на МПЦ-ОА, каде како извор е наведен токму бугарскиот портал.

Веста со изјавата на Иларион Алфеев, објавена од српските медиуми, односно од ВИА, а во која се вели: „Руската православна црква не може еднострано да ја признае Македонската православна црква(МПЦ), тоа треба да се направи на основа на сеправославно решение, а ние сме подготвени да бидеме посредници“, е веродостојно пренесена. Единствено што е изоставено (од непознати причини) е последната реченица од изјавата во која се вели: „И јас, по посетата на Софија ќе го посетам Скопје за да поразговарам со раководството на Македонија и на Црквата на таа тема“.

Веста, што денеска е објавена од српските медиуми, кои се повикуваат на ВИА, ја пренесе и „Мета“.