Свет Сите граници на Франција се затворени, нема ниту летови

Сите граници на Франција се затворени, нема ниту летови

Сите граници на Франција се затворени и сè уште е на сила вонредната состојба. Исто така затворен е и аеродромот „Орли“, а откажани се сите летови.

Официјалните власти досега потврдија шест терористички напади во Париз. Само три се случиле на стадионот каде се одржуваше фудбалскиот натпревар Франција-Германија, а другите на различни локации во градот, при што терористите пукале со автоматско оружје.

Потврдена е смртта на осум терористи. Седум се разнеле со бомби, а еден е убиен од француските специјалци.