Свет Сириската влада е подготвена за преговори

Сириската влада е подготвена за преговори

Сириските државни медиуми соопштија дека владата е подготвена да присуствува на мировните преговори што Москва планира да ги одржи следниот месец.

Руското министерство за надворешни работи на 25 декември соопшти дека се надева оти ќе биде домаќин на мировните преговори на крајот од јануари меѓу сириската влада и нејзината опозиција.

Официјална Москва е клучен сојузник на претседателот Башар ал-Асад. Не е јасно дали некои опозициски групи ќе се согласат да присуствуваат на руските разговори.