Свет Сириските сојузници на САД се на 20 километри од Рака, соопшти Картер

Сириските сојузници на САД се на 20 километри од Рака, соопшти Картер

Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, синоќа соопшти дека сириски сили, кои соработуваат со САД, се на 20 километри од градот Рака, градот кој се смета за центар на калифатот на Исламска држава во Сирија.

– Во Сирија нашите локални партнери се само на 20 километри од Рака, изолацијата на ИД продолжува. Во операциите против ИД се врши истовремено притисок од сите страни – рече Картер, пред средбата со францускиот министер за одбрана, Жан Ив ле Дриан.

Картер, исто така, додаде дека се бројат деновите на ИД во Мосул, нивното главно седиште во Ирак.