Свет Сириските бунтовници се повлекуваат од Хомс

Сириските бунтовници се повлекуваат од Хомс

Сириските бунтовници почнале да се повлекуваат од Хомс, откако со владата склучија договор за прекин на огнот, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на група која ги надгледувала преговорите на двете страни.

Првиот автобус го напушти градскиот кварт Ваер, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Договорот на власта и на бунтовниците значи дека владата ја вратила контролата над овој сириски град.

Бунтовничките сили заминуваат во северните делови на покраината Идлиб, која остана под нивна контрола.

Хомс е третиот град по големина во Сирија и важеше за престолнина на револуцијата, во која се одржаа првите протести против претседателот Башар ал Асад.