Свет Свет Сириски и руски авиони и денеска го бомбардираа Алепо

Сириски и руски авиони и денеска го бомбардираа Алепо

Руски и сириски авиони денеска извршија нови напади врз Алепо, каде во бомбардирањето на бунтовничките квартови, во последните 48 часа загина најмалку 71 цивил, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Повеќе од 20 воздушни удари утринава, пред зори, го потресоа Алепо, додека сириските воени сили напредуваа во североисточниот дел на градот и го зазедоа ридот над секторот кој е под контрола на бунтовниците, наведува истиот извор.

Опсерваторијата не можеше да наведе дали во денешните напади има настрадани.