Свет Сириската војска целосно ја презела контролата врз Палмира од милитантите на ИД

Сириската војска целосно ја презела контролата врз Палмира од милитантите на ИД

Сириската војска, поддржана од Русија, целосно ја презела контролата врз античкиот град Палмира од милитантите на Исламска држава, потврдиле властите во Дамаск и во Москва, јавува „Би-би-си“.

Војската на Сирија и други провладини сили, според извештаите, навлегле во градот и ги истиснале милитантите на ИД, со што ставиле крај на втората окупација на Палмира од страна на џихадистичката група.

Борците на ИД првпат беа истерани од Палмира во март минатата година, но успеаја повторно да го заземат градот.

За време на првата окупација, милитантите уништија дел од античките споменици и градби во Палмира, кои беа дел од светското културно наследство.