Свет Сириска опсерваторија: Во руските напади се убиени 1.000 терористи и околу 500...

Сириска опсерваторија: Во руските напади се убиени 1.000 терористи и околу 500 цивили

Во воздушните напади што ги изведува Русија во Сирија, од почетокот на руската интервенција на 30 септември, досега загинале 1.502 лица од кои речиси третина се цивили, објави денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Во нападите се убиени 419 припадници на Исламска држава и повеќе од 598 борци на фронтот Ал нусра, локален разгранок на Ал каеда, и други бунтовнички групи, истакна опсерваторијата.

Невладината организација попишала 485 цивилни жртви, меѓу кои 117 деца на возраст до 18 години и 47 жени.