Свет Сирија: ИД ликвидираше 24 цивили

Сирија: ИД ликвидираше 24 цивили

Исламска држава (ИД) егзекутирала 24 цивили во северното сириско селото Буејр, откако презедоа контрола врз местото кое досега беше во рецете на бунтовничките сили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

„Во последните 24 часа, ИД егзекутираше најмалку 24 цивили откако вчера презеде контрола врз селото Буејр“, стои во соопштението на центарот.

Селото Буејр е 10 километри северозападно од градот Манбиж и до вчера беше под контрола на бунтовничката група Сириски демократски сили.