Свет Сирија: 30 загинати во воздушен напад на рафинерија

Сирија: 30 загинати во воздушен напад на рафинерија

Во воздушните напади на коалициските сили предводени од САД е погодена рафинарија за нафта, која е под контрола на Исламска држава. Во нападот загинаа 300 лица, меѓу кои има работници и припадници на ИД.

– Кога ќе се оцени дека се основани тврдењата за цивилни жртви при американските или коалициските напади, ќе се спроведе истрага за процена на точноста и на сите околности поврзани со неа – соопшти портпаролот на американските сили, кои ги надгледуваат борбите против ИД.

Портпаролот истакна дека американските и коалициските сили применуваат мерки за ублажување во процесот на таргетирање и за време на спроведување на операциите, пред сè, за да се редуцира бројот на потенцијалните цивилни жртви и колатералната штета.