Свет Сирија: 15 цивили убиени во американските воздушни напади

Сирија: 15 цивили убиени во американските воздушни напади

Во воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД против милитантите на Исламска држава во Сирија се убиени најмалку 15 цивили, меѓу кои и три деца.

Опсерваторијата за човекови права соопшти дека мета на нападите биле четири села на југот на земјата, кои се под контрола на милитантите.

Во нападите се убиени и девет милитанти.

Организацијата истакнува дека од почетокот на меѓународната воздушна кампања се убиени 332 цивили, од кои 90 се деца.