Македонија Симболичен протест и денеска пред СЈО

Симболичен протест и денеска пред СЈО

Група скопјани и денеска во 18 часот, симболично се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и мирно го изразија својот револт против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери.

Иако од „Протестирам“ најавија мирување на протестите, сепак граѓаните денеска повторно се собраа на почетното место – канцелариите на СЈО.

Организаторите вчера најавика дека дополнително ќе известат кога ќе продолжат протестите.