Македонија Силен земјотрес на Филипини

Силен земјотрес на Филипини

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот филипински остров Лузон, а потресот се почувствувал и во Манила.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 168 километри, на 47 километри северозападно од Лузон, соопшти Американскиот геолошки завод.

Нема извештаи за евентуални жртви во потресот. Во Манила е наложена евакуација на објектите и на училиштата.
Филипини се наоѓа на геолошки активниот пацифички огнен прстен, поради што земјотресите се чести.