Македонија Сиљановска: Политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце

Сиљановска: Политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце

Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова очекува дека ќе стане петтиот претседател на Република Македонија.

По гласањето таа изјави дека „конечно политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце“.

– Мислам дека таргетот на кој се концентрирав го исполнив, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат или не. Успешно го завршив денот, почна како со зима тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце – рече Сиљановска – Давкова.