Свет Европа Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација

Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација

Шведскиот суд ѝ наложи на владата да исплати 3.200 евра како надомест за 11 Роми, кои покренале тужби за дискриминација затоа што полицијата собирала информации за нив.

Шведскиот весник „Дагенс нихетер“ објави дека полицијата на југот на Шведска собирала информации за илјадници Роми, иако многу од нив не биле осомничени за сторен криминал.

Полицијата негирала дека правела база на податоци на основа на етничка припадност, но признала дека било погрешно што во баззата вклучила далечни роднини на луѓе осомничени за кривични дела.

Окружниот суд во Стокхолм утврдил дека полицијата регистрирала 11 лица исклучиво врз основа на нивната етничка припадност.