Свет Балкан Штрајк на грчките медиуми

Штрајк на грчките медиуми

Грчките медиуми, вклучувајќи ги државното радио, телевизијата и весниците, утринава стапија во 24-часовен штрајк поради владините мерки за штедење.

„Медиумските работници, заедно со сите работни луѓе во нашата земја, повикуваат да се задржи социјалната сигурност (основните и дополнителните пензии), социјалните бенефиции, здравствениот систем“, стои во соопштението на синдикатите.

Меѓу барањата на грчките новинари е Владата да основа професионален фонд на осигурување.
Протестот се случува еден ден пред генералниот штрајк против усвојувањето на буџетот за следната година, за медиумите да обезбедат покривање на овој настан.